ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ ОД БИОФЛОР

04.03.2012

      Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со орг

04.03.2012

      Калифорнискиот црв иако со мали димензии 6-8 см. и тежина нешто помала од еден грам, со своето невероватно темпо на размножување продуцира количина на протеин

04.03.2012

      - Изметот од стока или арското (стајското) ѓубре е природно живеалиште на калифорни ските црви. Посебна вредност представува изметот од стока која се храни и

 

  Биофлорот ја поправа структурата на почвата и врши биомелиорација на истата.

 Големиот број на микроорганизми со своите ферменти ја оживуваат почвата и ја зголемуваат нејзината плодност

 Како дел од микрофлората најважна улога ја имаат бактериите

 Бактериите за кои се знае повеќекратно ги зголемуваат ефектите, и се во директна врска со преструктуирање на ѓубрењето. Бактериите се живи суштества кои се во состојба да поднесат најекстремни услови во почвата и имаат едноставна градба.

- Бактериите се размножуваат со делење, каде една единка за 24 часа произведува околу десет милијарди единки.

- За период од една година на еден хектар изумрените тела на бактерите оставаат 10 тона органска материа, и најголемиот дел се хумифицира во зрел хумус.

        Стеван Бошњак -Србија, главен акцент  дава на следните микробиолошки     

                   процеси кои се одвиваат во почвата

    1.Брзо разградување на органската материја и создавање зрел хумус како  основа за плодноста на почвата.

За 40-50 дена со правилна употрба на микробиолошките ѓубрива органската материја потполно ке се разложи. За почвата е најважно со микробиолошките процеси да разградат растителните остатоци и останата органска материја бидејки со тоа се спречува депресијата ( недостаток ) на азот, фосфор, калиум,калциум и тн. Ова се случува секогаш кога количината на (С) е вон дозволените граници и мобилизира ослободување на елементи кои се врзани за јагленород (С). Тој однос не смее да биде поголем од ( 20:1) ( С:N, С:Р , С:К ) Во зрелиот хумус односот на С : N е 10:1 што се смета за идеален однос. Ако СО2 е вон границите на дозволеното бактериите кои ги мобилизирале неопходните елементи ке ги испуштат тогаш кога односот ке биде под (20:1). Подлога на теоријата за потполна замена на минералните ѓубрива со микробиолошките ѓубрива се заснова на јасните пресметки на процесите на хумификација и дехумификација на органската материја и азотофиксацијата, било да е симбиотска или асимбиотска. На пример  од арското ѓубре или од било кои органски остатоци по микробиолошки пат се создава маса од 3-3,5 т/ха хумусни материи, која подоцна се дехумифицира. Тука се воспоставува така наречен баланс на поравнување или природна рамнотежа за внесување и изнесување на хранливите материи од почвата. Ова е доволно за коректни приноси и зачување на природната плодност на почвата, која почвата порано ја имала.  Да се потсетиме дека во состав на растенијата не влегуваат само азот(N), фосфор(P) или калим(K) туку во сувата маса има многу поголем процент  јагленород(C) 47%, кислород (O) 45% и водород(H) 6.2%. Овие елементи  растенијата  ги земаат од природата непосредно а само 2% одпаѓаат на N:P:K. Сево ова укажува дека преземањето на мерки со кои се придонесува подобра искористеност на доминантните соединенија C:O:H, е многу важно и дека на таквите мерки треба да му се посвети големо влијание.

Накратко кажано органските ѓубрива а меѓу нив и растителните остатоци третирани со микробиолошките ѓубрива  се идеална средина за азотофиксација, амонизација и нитрификација.

Покрај тоа во почвата се создава и јагленородната киселина која бавно ги разлага многуте неоргански и органски тешко растворливи соединенија во кои е заробен фосфорот и калиумот. Со успорување на нивното спојување и нивното поврзување овие соединенија стануваат попристапни за растенијата.    

    2. Азотофиксацијата на молекуларниот азот од ваздухот

Е исто така важна задача на бактериите во почвата. Азотот во воздухот го има околу 78% со што е неисцрпен извор за растенијата. Азотот од воздухот растенијата не можат да го користат дирекно туку тоа му го овозможуваат микроорганизмите. Разликуваме симбиотска и асимбиотска азотофиксација.

      Симбиотската азотофиксација представува важен вид  на снабдување на растенијата со азот од воздухот преку симбиотските бактерии кои живеат на коренот на растенијата. Овие бактерии на коренот вршат оштетувања во кои се сместуваат и со својата способност го фиксираат елементарниот азот. Најголем дел од азотните соединенија  создадени на овај начин на растенијата му се достапни после завршувањето на вегетацијата на растенијата кај кои овие бактерии паразитирале.

     Асимбиотска азотофиксација е микробиолошки процес во кој елементарниот азот од воздухот се доведува во почвата преку специфични бактерии кои не живеат на кореновите влакна туку покрај нив Тие се хранат со материите кои ги излачува коренот и во процесот на размножување и изумирање оставаат голема количина на азотни соединенија. Овие соединенија се минерализираат веднаш по изумирањето на бактериите. Предноста кај овој процес е што овде не е потребно да растението заврши со вегетација па после тоа да се користат хранливите соединенија, туку тие му се веднаш достапни на растението. Процесите низ кој поминуваат симбиотската и асимбиотската азотофиксација продолжуваат со амонификација, нитрификација и денитрификација.

    Амонификација представува микробиолошки процес - минерализација на органските материи до создавање на амонијак. Амонијакот останува во клетките на бактериите за нивни потреби се додека односот на C: N е поголем од 20:1. Се издвојува кога овој однос ке се намали. Овој амонијак понатаму се редуцира во процесот на нитрификација.

    Нитрификација претставува микробиолошки процес на оксидација на амонијакот во нитрати преку нитрити. Нитратите се многу подвижни,а оксидацијата им служи на бактериите како извор на енергија и можност за создавање на јагленородна киселина, нејзината улога веке беше објаснета. Поради својата подвижност (N) бргу се губи од почвата.

    Денитрификација е спротивен процес од нитрификација. Тоа е микробиолошки процес кој се одвива под влијание на некои почвени бактерии каде (N) се врака во воздухот на ист начин као што стигнал во почвата (кружење на материјата)

   3.  Кружењето на фосфорот во почвата е многу важен микробиолошки процес. Се знае дека фосфорот во почвата го има во просек околу 0,15%. Најголем дел во земјиштето се наоѓa во облик на неоргански соединенија а остатокот е во органски соединенија.  Тука спаѓаат нуклеинската киселина, фосфолипиди и др. Неговата достапност за растенијата во најголем дел зависи од PH вредноста во почвата. Растенијата го земаат од почвениот раствор во облик на јони на ортофосфорната киселина и Н2РО4 и НРО4. Кој јон ке биде усвоен зависи од рН вредноста на почвата. Најголем дел на фосфорот во почвата потекнува од карпите и минералите од матичните карпи од кои настанала почвата, како и од органските соединенија. Бидејки фосфорот во земјиштето се наоѓа во облици со различна растворливост многу е битен коефициентот на неговата достапност на билките како и негово враќање во земјиштето преку органсите материи. Овие процеси во најголем дел ги регулираат почвените бактерии кои се наоѓаат во  микробиолошките ѓубрива.

   Од вкупните количини кои по органски пат се враќаат најголем дел се враќаат преку изумирањето на бактериите. Овој процес се нарекува фосфофикација и со него се создаваат соедеиненија за исхрана на растенијата. 

Бактериите од вкупната тежина на своето тело содржат околу 30% фосфор

    Фосфомобилизација е втор значаен процес. Овој процес нерастворливите терцијални фосфати се доведуваат во пристапни форми   фосфорот од алумосиликатите. Во состав на почвата алумосиликатите се застапени со 62%. ( тоа е неисцрпна материја ) Бактериите од типот Bacilus Pseudomonas  ја потикнуваат минерализацијата на алумосиликатите каде ги мобилизираат достапните анјони во клеточната протоплазма. Во овој процес бактериите од алумосиликатите го црпат калциумот и го трансформираат во трикалциум фосфати, како и примарни и секундарни фосфати достапни за растенијата. Исто така кога од кристалната решетка на алумосиликатите ке се издвојат јоните на силициум, во организмот на бактериите по изумрувањето се трансформираат во фосфорни јони кои се достапни за растенијата.

   4.  Калиумот во почвата  се наоѓа во кристалната мрежа на минералите каде го има 90% од вкупната количината во почвата. Поред овој постои фиксиран незаменлив и променлив калиум.  Количината на калиум е повеќекратно поголема од фосфорот и азотот во земјиштето односно околу 2.40%. Единствено е прашање на неговата достапност за растенијата. За негово ослободување и доведување во состојба во која растенијата ке можат да го користат најголема улога имаат бактериите а посебно бактеријата Bacilus cirkullans. Исто така и калиумот се ослободува во поголема количина од алумосиликатите, каде од кристалната решетка се издвојуваат алуминиеви и силициумови оксиди во кои се наоѓаат алкални К-катјони. Тука микроорганизмите вршат хидролиза, при што К-катјони се заменуваат со Н јони од водата, а ослободениот К јон преминува во сол на киселините и носат предзнак на калиум. Луцинот се покажал како замена на калиумовите соли.

       Во што е тајната на дејствувањето  на микробиолошките ѓубрива?

      Тука нема никаква тајна, сето тоа е чиста микробиолошка наука која во епицентар го става системот на кружење на материите во природата кој го поттикнува создавањето на зрел хумус во почвата.

    Во спонтаната природна заедница природата сето тоа го избалансирала меѓутоа во организираната агробоиценоза каде што се сеат културни растенија тој синџир се прекинува. Со собирањето на родот односно жетвата доаѓа до дебаланс во порамнувњето на материите.         

   Затоа никогаш не треба да се горат растителните остатоци, со горењето не само што се уништува површинската микрофлора туку и се губи и комплетната количина од целулоза и лигнин кои се незаменлива состојка на зрелиот хумус а ке останат само 2% хренливи елементи кои се во случајов занемарливи.

    Растителните остатоци и хумусот се незаменлива подлога за развој на корисните микроорганизми.  

Ова е важно да се сфати поради органските материи од лигно-целулозно потекло (растителни остатоци), со кои ако правилно се постапува можете секоја година да го обновувате зрелиот хумус. Научно е потврдено дека зрелиот хумус се создава од лигнин кој е составен дел на билните остатоци.

        Од сево ова може да се дефинира дека добар домаќин и земјоделец може секоја година од растителните остатоци да добие зрел хумус ако после жетвата или родот истите ги третира со бактериите кои се наоѓаат во микробиолошките ѓубрива. Микробиолошките ѓубрива се создадени така да со нив можат да се ѓубрат површини со органско и класично производство.

Забележани се одлични резултати секаде каде што се употребувани правилно и според препораките, кои се темелат на долгогодишно искуство во светот, каде микробиолошите ѓубрива се употребуваат на милиони хектари.

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Телефон:
+389 76 39 55 99

 E-пошта:


Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

twitter youtube flickr facebook

logobioflor

СТАТИСТИКА на биофлор

Имаме присутни 15 гости и нема членови

Посетеност на биофлор

Број на гледања на артикли
166969