English
Macedonian
04.03.2012
04.03.2012
04.03.2012
- Растенија со една берба годишно ( компир, зелка, морков, диња, лубеница и др. ) се третираат 4-5 пати со 3-4 литрa на декар.
- Растенија кои се берат во повеке наврати ( домат, краставица, пипер и др. ) се третираат на 6-12 дена, со 2-3 лит./декар што зависи од видот на растението и квалитетот на почвата.
ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА БИОФЛОР
- Побрзо ртење, вкоренување, раст и развој на растенијата.
- Пообемно цветање, оплодување на скоро сите цветови, побрзо созревање на плодовите и повеке берби.
- Многу поздрави растенија, поотпорни сите видови болести суша, мраз и топлотни шокови.
- Покрупни и повкусни растенија со поубави бои.
- Плодовите подолг период остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.
- Кога кај растенијата ѓубрени со хемиски ѓубрива бербата ке заврши, растенијата третирани со Биофлор сеуште ке цветаат и ке имате уште една берба повеке.
- Семето за расад се потопува во Биофлор да отстои десетина минути. Праксата покажала дека семето третирано со Биофлор дава одлични резултати при ртењето, никнувањето и вкоренувањето, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој облик на третирање.
ПРОГРАМА ЗА ДОЗИРАЊЕ НА БИОФЛОР ЗА ЕДЕН ДЕКАР КАЈ РАСТЕНИЈА КОИ СЕ БЕРАТ ВО ПОВЕКЕ НАВРАТИ
- ФОЛИЈАРНО ТРЕТИРАЊЕ:
- На секој 6-12 дена со 2-3 литра на декар .Се разредува со вода
- Бројот на третирања и количината на Биофлор зависи од видот на растението и од квалитетот на почвата.
- Кај фолијарното третирање битно е да се нанесе препорачаната количина на Биофлор на декар.
- Количината на водата зависи од пумпата (колку литри вода троши на декар)
Според нашето долгогодишно искуство ги
препорачуваме следните третмани
* Прво третирање: 10 дена пред почеток на производство на расад се третира почвата во која се подготвува расадот.
* Второ третирање : Се третира расадот на 5-7 дена.
* Трето третирање : Се третира почвата каде ке се расадуваат растенијата 10-15 дена пред расадувањето.
- Во време кога растенијата ке стасаат за расадување најдобро е во дупките во кои ке се стават растенијата прво да се стави 50-70 грама глистал (биохумус) така да коренот на растението биде во директен контакт со глисталот.
* Четврто третирање : Одма по расадувањето.
* Пето третирање :пред цветање - да се обезбеди пообемно и посилно цветање.
* Шесто и наредните третирања: Во плодоносењето по секој бран на берба за покрупни и изедначени плодови и побрзо созревање на плодовите.
- Кога имате пообемно цветање и повеке плодови од нормалното, а коренот не може да ги прехрани сите плодови препорачуваме почесто фолијарно третирање.
* СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА
- На 5-10 дена со 2-4 литра/декар за пообемно цветање, побрзо созревање и покрупни и изедначени плодови.
Не може да се предозира. Се меша со инсектициди и хербициди.
Се меша и со фунгициди но по мешањето растенијата мора одма да се третираат.
Телефон:
+389 76 39 55 99
E-пошта:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Имаме присутни 6 гости и нема членови