-   Растенија со една берба годишно ( компир, зелка, морков, диња, лубеница и др. )  се третираат 4-5 пати со  3-4 литрa на декар.


-   Растенија кои се берат во повеке наврати ( домат, краставица, пипер и др. ) се третираат на 6-12 дена, со  2-3 лит./декар што зависи од видот на растението и квалитетот на почвата.


                            ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА БИОФЛОР


-  Побрзо ртење, вкоренување, раст и развој на растенијата.

-  Пообемно цветање, оплодување на скоро сите цветови, побрзо созревање на плодовите и повеке берби.

-  Многу поздрави растенија, поотпорни сите видови болести суша, мраз и топлотни шокови.

-  Покрупни и повкусни  растенија со поубави бои.

-  Плодовите подолг период остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

-  Кога кај растенијата ѓубрени со хемиски ѓубрива бербата ке заврши, растенијата третирани со Биофлор сеуште ке цветаат и ке имате уште една берба повеке. 


-   Семето за расад се потопува во Биофлор да отстои десетина минути. Праксата покажала дека семето третирано со Биофлор дава одлични резултати при ртењето, никнувањето и вкоренувањето, со што растот и развојот на растението е неспоредливо подобар од било кој облик на третирање.

 

       ПРОГРАМА ЗА  ДОЗИРАЊЕ НА БИОФЛОР ЗА ЕДЕН ДЕКАР КАЈ РАСТЕНИЈА КОИ СЕ БЕРАТ ВО ПОВЕКЕ НАВРАТИ


 -   ФОЛИЈАРНО  ТРЕТИРАЊЕ: 

-  На секој 6-12 дена со 2-3 литра на декар .Се разредува со вода


-  Бројот на третирања и количината на Биофлор зависи од видот на растението и од квалитетот на почвата.

-  Кај фолијарното третирање битно е да се нанесе препорачаната количина на Биофлор на декар.

-  Количината на водата зависи од пумпата (колку литри вода троши на декар) 

   Според нашето долгогодишно искуство ги

препорачуваме следните  третмани

*  Прво третирање10 дена пред почеток на производство на расад се третира почвата во која се подготвува расадот.

*  Второ третирање : Се третира расадот на 5-7 дена.

* Трето третирање : Се третира почвата каде ке се расадуваат растенијата 10-15 дена пред расадувањето.


-  Во време кога растенијата ке стасаат за расадување најдобро е во дупките во кои ке се стават растенијата прво да се стави 50-70 грама глистал (биохумус) така да коренот на растението биде во директен контакт со глисталот.


*  Четврто третирање : Одма по расадувањето.

*  Пето третирање :пред цветање - да се обезбеди пообемно и посилно цветање.

* Шесто и наредните третирања: Во плодоносењето по секој бран на берба за покрупни и изедначени плодови и побрзо созревање на плодовите.


-  Кога имате пообемно цветање и повеке плодови од нормалното, а коренот не може да ги прехрани сите плодови препорачуваме почесто фолијарно третирање.

 

*   СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА 

- На 5-10 дена со 2-4 литра/декар за пообемно цветање, побрзо созревање и покрупни и изедначени плодови.


 Не може да се предозира.             Се меша со инсектициди и хербициди.

Се меша и со фунгициди но по мешањето растенијата мора одма да се третираат.