УПОТРЕБА НА БИОФЛОРОТ КАЈ ОВОШНИТЕ НАСАДИ


-  Овошните насади третирани со Биофлор имаат многу посилно цветање, покрупни и изедначени плодови со поубави бои и многу поубав мирис и вкус.

-    Плодовите по бербата  многу подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

-  Бербата стасува порано за 7-15 дена во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива.   

-   Растенијата својот полн род го даваат една година порано во однос на растенијата третирани со хемиски ѓубрива.

-  Витаминот „ Ц“ кај плодовите се зголемува од 2-7 пати така да се зголемува имунитетот и отпорноста  на растенијата кон сите видови болести, суша, мраз и топлотни шокови.

- Наездата на инсектите се намалува


                          ПРОГРАМА ЗА ТРЕТИРАЊЕ ЗА 1 ХЕКТАР

 

ФОЛИЈАРНО ТРЕТИРАЊЕ:

-  3- 6 третирања  со 20-30 литра на хектар.   Се разредува со вода


-  Бројот на фолијарните третирања и количината на биофлорот зависи од видот и староста на растенијата и квалитетот на почвата.

-  Кај фолијарното третирање важно е да се нанесе препорачаната количина на Биофор.

-  Количината на водата зависи од видот на пумпата (колку литри вода троши на 1 хектар)

-  Според нашето долгогодишно искуство ги препорачуваме следните третмани.

 

*  Прво третирање : По бербата на плодовите - растението да се подготви за зима а на пролет да стартува со повеке родни папки.

*  Второ третирање: во рана пролет заедно со фунгицид и органски бор и цинк  додатно да се заштитат растенијата од слана и пролетни мразеви

*  Трето третирање :  По паѓање на 70 % од цветовите. заедно со инсектицид

* Четврто третирање: По формирањето на плодовите, тоа е 10 дена по цветањето - да се задржат плодовите.

*  Пето третирање: Во плодонесење - за покрупни и изедначени плодови.   

   Шесто третирање : За покрупни и изедначени плодови и поизразени  бои.

  Седмо третирање а можеби и наредото: Имате поголем род кој треба да се прехрани.


СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА:    2-3 третирања со 30 литра/хактар

-  Во насади каде нема систем капка по капка се препорачуваат уште 1-2 фолијарни третирања.

-  Со фолијарното третирање Биофлорот кој ке падне на лист е храна преку лист, а што ке падне на почва е храна преку почва.


ПРЕПОРАЧУВАМЕ


-  По кроењето гранките да се мелат ( со приклучна машина мелачка на гранки ) се третираат со Биофлор и потоа почвата плитко се заорува или фрезира.

-  Микробиолошката флора, голем број на корисни микроорганизми и зрел хумус во почвата се основ за планирање на добар,здрав и квалитетен род.



-  Бифлорот не може да се предозира.

-  Се меша со инсектициди и хербициди.

-  Се меша и со фунгициди, но одма  по мешањето мора да се третираат растенијата.