Први кои почнале да одгледуваат црви биле спортските риболовци. Црвите им служеле како мамци за ловење риби. Приметиле дека црвите најбрзо растат и најдобро се размножуваат во арското ѓубре. По некое време приметиле дека црвите го иситниле арското ѓубре и го направиле многу погодно за земјоделие. Така риболовците почнале да одгледуват црвите за риболов но и за производство квалитетно ѓубре.

Во педесетите години од минатиот век за ова се заинтересирале научниците од Калифорнискиот државен универзитет (Californiion State University - Berkeley) и дошле до важни сознанија за способностите на црвите. Тие со селектирање и потенцирање на најпозитивните особини добиле хибрид (Red Hibrid) или (Californion Red Worm) кој најбрзо ги претварал органските материи во протеинска маса. Хибридот на црвениот црв имал и други предности над дождовнит црв: полесно ги поднесувал топлотните осцилациии, животниот век му бил четири пати подолг, кога се движел не оставал трага зад себе, и можел да живее на многу помала длабочина.

Црв со такви квалитети веке бил солидна основа да почнат да никнуваат фарми за одгледување црви.

Одгледувањето калифофниски црви со тек на време е развиено и унапредено, така да одгледувањето се насочило во три правци :

1. Одгледување насочено за производство на биоѓубриво

2. Одгледување насочено за производство на протеинска храна

3. Одгледување насочено за зачувување на животната средина