Калифорнискиот црв иако со мали димензии 6-8 см. и тежина нешто помала од еден грам, со своето невероватно темпо на размножување продуцира количина на протеинска маса (месо) која ни приближно не е во состојба да ја даде ниту една друга врста

ПРИМЕР:

Во едно работно легло калифорниски црви има околу 30 000 полно зрели црви, 30 000 млади црви и 30 000 јајца од црви. По една година во зависност од надворешната температура, квалитетот и влажноста на ѓубрето и уште некои фактори во леглото би требало да има околу 100 000 црви. Ако знаеме дека еден црв тежи приближно 1 грам, тоа значи дека едно легло може да даде приближно 100 кг. месо, или стабилизирана мини фарма од 100 легла годишно може да даде околу 10 тона квалитетно протеинско месо.

Квалитетот на тоа месо по своите состојци рамен е на телешкото месо, и се котира повисоко од комерцијалните врсти месо.

Според Мичеловата скала за мерење биолошки вредности, месото на црвениот калифорниски црв е означено со 61,3, телешкото со 62, рибиното со 55, комерцијалното со 48 до 50 и соиното со 36.

Од индустриски одгледуваните црви се добива најквалитетно протеинско брашно кое се додава во сточната храна. Најдобри ефекти се постигнуваат во живинарството, рибарството и свињарството. Животните кои се одгледуваат на фарми немаат прилика да дојдат до свежи протеини. Со додавање св свежи црви во исхраната на бројлерите, рибите и свињите животните стануваат поотпорни на зарази , се забрзува нивниот растат и се скратува турнусот.