Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со органските отпадоци кои се натрупуваат и се големи загадувачи на почвата и надземните и подземните води.

Најголеми концентрации на органски отпадоци има во големите градови, фабрики за храна, фабрики за целулоза, свињарски фарми и др.

Органските отпадоци од свињарските фарми, фабрики за целулоза и фабрики за храна, наместо да ја загадуваат животната средина, можат да се преработат во квалитетно ѓубриво кое ке се користи во земјоделието..

Големите градови имаат проблем со градскиот смет. 40% од вкупниот смет е од органско потекло. Голем проблем претставува и тињата од градската канализација. Црвите и овој отпад со успех го преработуваат во квалитетно ѓубре, но поради присаство на тешки метали во ѓубрето, тоа примена може да најде само во шумарството цвеќарството и за ѓубрење тревници.