ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ ОД БИОФЛОР

04.03.2012

      Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со орг

04.03.2012

      Калифорнискиот црв иако со мали димензии 6-8 см. и тежина нешто помала од еден грам, со своето невероватно темпо на размножување продуцира количина на протеин

04.03.2012

      - Изметот од стока или арското (стајското) ѓубре е природно живеалиште на калифорни ските црви. Посебна вредност представува изметот од стока која се храни и

 

ПРЕДЛОГ ЗА СЕМЕЕН БИЗНИС

ОД МИНИ ФАРМА СО 100 ЛЕГЛА КАЛИФОРНИСКИ ЦРВИ

ГОДИШНО МОЖЕ ДА СЕ ЗАРАБОТИ ПОМЕЃУ 13.000,00  и 15.000,00 евра 

 

Основни информации:

 

1.    Новиот одгледувач треба да располага со земјиште од мин. 1500 м².
2.    Во близина на идната фарма да има арско ѓубре.
3.    Земјоштето да е заградено и да има чиста вода

 

 •    Едно легло калифорниски црви   условно содржи: 30 000 полно зрели  црви
 •    Потребен простор за едно работно легло калифорниски црви е 2 м².
 •   За период од една година преработува 1 тон арско ѓубре а се добива од 500- 600 кг. глистал
 •  За одгледување 100 легла потребни се 2 работника ако работат по 5-6 часа  дневно. (во декември, јануари и фебруари активностите се намалени или воопшто не се работи) .

 

  • Црвите  најбрзо се размножуваат на температурата  помеѓу 18 и 21 степен. 
  • Сточар кој има 10-13  крави има ѓубре за 100 легла калифорниски црви.
  • Еден тон шталско ѓубре чини околу 20 евра
  • Еден тон глистал (ѓубриво од калифорниски црви) чини околу 300 евра 

 

ТЕХНОЛОГИЈА  НА ПРОИЗВОДСТВО ЗА МИНИ ФАРМА ОД 100 ЛЕГЛА


По избор на плацот се купува арско ѓубре за почеток кравјо. Ѓубрето треба да биде одлежано околу 12 месеци. Со вила или со мотокултиватор треба да се истни и добро натопи и така да одстои 15-30 дена, Влажноста е добра кога со рака ке стиснете дел од ѓубрето и ке се исцедат неколку капки вода
 

Додека ѓубрето ферментира се рамни просторот каде ке се постават леите. Од даска се прават леи (заграден простор) со височина од 40 см.  широчина од 2м.  и должина не повеке од 10 метра. Најдобро е леите да бидат со должина од 8 метра поради должината на даските  2 x 4 мет. од кои се прави  оградата(сандакот). Потребен простор за  едно работно легло е 2м². Ако леата е долга 8 метра а широка 2 м.  во неа ке работат 8 легла.  Црвите  во оваа леа ке преработат 8 тона арско ѓубре а ке се добие 4 – 5 тона глистал (биохумус).

Нашето искуство покажува дека најдобро е дното на леите да се прават од бетон.Се бетонира простор од 2 метра широчина, 8 метра должина и 5-6 сантима дебелина.Бетонската плоча треба да биде 5-6 сантима над површина на почвата. На плочата треба да и се даде мал нагиб како би се исцедувал вишокот на вода.Оградата од даски со височина од 40 см. се пставува врз бетонот (не од страна) Даските неколку дена порано се премачкуваат со прегорено авто уље или нафта како би се продолжил нивниот рок на траење.По монтирањето, даските се обложуваат со најлон но така најлонот да лежи и десетина сантима на бетонот. Врз бетонот(ако имате) се става еден слој  иситнет картон и добро  се натопува. Преку картонот се става добро иситнетото и добро натопено арско ѓубре во височина од 10-15 см. (подлога) повторно се прска со вода и се внесуваат црвите.

Ако случајно арското ѓубриво не ви припремено можете прво да ги ставите црвите а потоа внесете арското ѓубре

Сето тоа се покрива со картони кои не дозволуваат  да се суши ѓубрето и црвите да бидат заштитени од птици На црвите им треба околу 30 дена да си направат станиште и  да ја преработат подлогата. После 30 - 40 дена а можеби и порано ке видите дека горната површина од подлогата  е израмнета ( изедена ). Тоа значи дека подлогата е спремна за ранење и може да се стави нов слој арско ѓубре ( храна )  од 5-6 см. ( арското ѓубре за црвите е храна ). Ранењето   се повторува на секои 10-20 дена.Процесот трае една година.  Бројот на ранења зависи од тоа како ке биде припремено арското ѓубре, надворешната температура и бројот на црвите во леглото, а од тоа зависи колкава количина на  биоѓубриво (глистал) ке се добие.

 


Делење на леглата


   По 3 месеци од купување на црвите  бројот на леглата е двојно поголем. Ако сме купиле 10 легла сега во леата имаме 20 легла и црвите  се пренаселени. Сега од вкупниот број црви во леата имаме околу 30 000 полно зрели црви а другите нови 30 000 црви се млади и ке станат полно зрели за 9-12 месеци. Половина од нив треба да се преселат во ново направената леа. Правиме уште една  леа иста големина како првата, и ја повторуваме постапката како со првата леа.
  По 3 месеца по последното ранење кога ке видиме  дека подлогата е изедена се чека 5-10 дена црвите да огладнат и потоа се става храна  7-8 см. Црвите ке влезат во новата храна за 5-10 дена. Кога ке влезат црвите во храната со вила се зима половина од храната која е полна со црви и се става во ново припремено легло. Брзината на размножувањето на црвите и брзината на преработка на арското ѓубре во леглото најповеке  зависи од припремата на арското ѓубре и неговата влажност, а во помала мера од надворешната температура.  Наредните селења  се на секои 3 месеци.    


Како се отстрануваат црвите од леглото?


Кога ке се наполнини леата, ( тоа е  12 месеци  по формирање на леглото )се става нов слој од арско ѓубре околу 7-8 см. Црвите во новиот слој ке влезат за  5-10 дена, а тоа  зависи од надворешната температура, припремата на ѓубривото кое се става; староста на губрето, неговата иситнетост и влагата. Со вила се подига новиот слојот во кој се  влезени 80 до 90 % од црвите  и се пренесуваат во ново приптремено легло. Се чека 15 до 20 дена да се изведат  црвите од јајцата кои се останати во леглото и повторно се става нова храна. Кога ке  влезат преостанатите и новоизведените црви, повторно со вила се селат во ново легло. Доле останува чист глистал кој треба  да се просуши, просее, спакува во вреки и е спремен за продажба.   


Потребни средства


Одгледувањето црви не бара некои посебни средства. За почеток е доволно една зидарска количка за пренос на арското ѓубре од депонијата за ѓубре до леите, 2 вили со 4 крака 2 лопати, 1 гребло и црево од пола цол за прскање со рачна прскалка.

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Телефон:
+389 76 39 55 99

 E-пошта:


Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

twitter youtube flickr facebook

logobioflor

СТАТИСТИКА на биофлор

Имаме присутни 6 гости и нема членови

Посетеност на биофлор

Број на гледања на артикли
157224