MИКРОБИОЛОШКИ ЃУБРИВА ВО
СОВРЕМЕНОТО РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО
БАКТЕРИИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА РАСТЕНИЈАТА
|
|
Биофертилизација претставува внесување на живи организми во почвата со цел да се подобри снабдувањето на растенијата со хранливи материи.
Остварување максимална продуктивност и профит во конвенционалното земјоделие подразбира интезивна обработка на почвата, наводнување, адекватна примена на ѓубрива, хемиска контрола на штетници, плевели и болести како и искористување на генетските потенцијали на одгледуваните растенија. Но сето тоа предизвикува многубројни негативни последици врз агросистемот и квалитетот на живеењето. Брзиот развој на биотехноло- гијата, заснован на еколошките принципи, влијае традиционалниот систем на земјоделие да претрпи многубројни промени.
Се смета дека развојот на земјоделието во овој век ке биде заснован на концепти кои предвидуваат големи промени во одгледувањето и оплеменувањето на растенијата, како би допринеле да се врати еколошката рамнотежа и стабилност на природните ресурси во агросистемот. Таков начин на одгледување на растенијата мора да се базира на економски ефективна основа.
Во тој концепт потполно се вклопува биофертилизацијата. Таа претставува внесување на живи организми во почвата со цел подобро снабдување на растенијата со неопходните нутриенти. На овој начин може да се подобри снабдувањето на растенијата со азот, фосфор, калиум,железо,сулфур, и да се стимулира растот на растенијата.
Внесување на бактериите во ризосверата на растенијата се забрзуваат процесите на трансформација на органската материја и растенијата се снабдуваат со потребните нутритиенти. Како компоненти на микробиолошките ѓубрива најчесто се: Azotobacter, Azospirillium, Bacilus, Pseudo monas и други. Имајки го во предвид значењето на азотот во исхраната на растенијата сосема е јасно дека посебно место се дава на бактериите кои ги снабдуваат растенијата со азот. Тоа се бактериите од групата на азотофиксатори кои елементарниот атмосверски азот го претвараат во облици пристапни за растенијата. Овие бактерии се наоѓаат непосредна близина до коренот и азотот го предаваат директно на растенијата.
Покрај азотот растот на растенијата директно зависи и од Фосфорот. Тој е најчесто присатен во почвата во форми кои се непристапни за растенијата. Бактериите од родот Bacilus и Azotobacter можат да синтетизираат органски киселини и фосфатази кои непристапниот фосфор ке го доведат во лесно пристапна форма за растенијата.
Калиумот кој во почвата е ‘‘заробен ‘‘ во облик на алумосиликати, благодарение на активностите на бактериите од родот Bacillus, станува пристапен за растенијата.
Некои бактерии благодарение на присаство на sideroforite придонесуваат снабување на растенијата со железо.
Познато е дека бактериите од родот Pseudomonas можат да ги трансформираат органските форми на сулфур во неоргански и на тој начин да го направат сулфурут пристапен за растенијата.
Сето ова укажува дека со примена на микробиолошки ѓубрива кои во себе содржат мешани популации на микроорганизми можат да го подобрат снабдувањето на растенијата со потребните нутритиенти со истовремено зачување на животната средина и производство на здравствено безбедна храна.
Бактериите исто така имаат способност да синтетизираат растителни хормони од типот гиберелин, ауксин со кои додатно се стимулира растот на растението и влијае на отпорноста кон болести.
Внесувајки микроорганизми во почвата се влијае на насочување на микробиолошките процеси во почвата што позитивно ке влијае на растот и развојот на растенијата, а ке се задржи квалитетот на почвата.
Некои организми се одликуваат со можност да ги синтетизираат слузатавите материи во почвата кои имаат важна улога во слепување на микроограгатот што придонесува до создавање на фина структура на почвата.
По умирањето на микроорганизмите внесени во почвата се зголемува вкупната биомаса, а ефектите ке следат во следната вегетација. Зголемување на органската биомаса ке придонесе до зголемување на плодноста на почвата, а растенијата ке бидат обезбедени со храна
Сето ова укажува дека примена на микробиолошките ѓубрива има свое место во современото конвенционално и органското производство.
Проф.др.Вера Раичевиќ
Земјоделски факултетво Земун
|