ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ ОД БИОФЛОР

04.03.2012

      Калифорниските црви се големи љубители на органските материи, посебно на оние кои се богати со целулоза. Тие со сигурност можат да ги решат проблемите со орг

04.03.2012

      Калифорнискиот црв иако со мали димензии 6-8 см. и тежина нешто помала од еден грам, со своето невероватно темпо на размножување продуцира количина на протеин

04.03.2012

      - Изметот од стока или арското (стајското) ѓубре е природно живеалиште на калифорни ските црви. Посебна вредност представува изметот од стока која се храни и

 

Кога почнувавме со одгледување калифорниски црви и производство органско ѓубре нашата идеја беше да промовираме органска храна.

Уште тогаш ни беше познато дека многу болести на современиот човек доаѓаат од неправилна исхрана и употреба на загадена и здравствено неисправна храна.

Основна предност на органското земјоделие е производство на високо вредна и здравстено безбедна храна која ке биде извор на здравјето на лугето и животните

Втора предност на органското производство е зачувување и заштита на животната средина така да оставаме чиста почва, вода и воздух за наредните генерации.

Одгледување калифорниски црви на почетокот претставуваше дополнителен семеен бизнис, од кој се добиваа добри хонорарни приходи.

Производството го започнавме пред повеќе од 25 години односно во 1985 година и ова долгогодишно искуство ни овозможи оваа земјоделска гранка многу да ја развиеме.

Во подолг период произведувавме биохумус органско ѓубре во цврста состојба со врвен квалитет. Потоа се наметна потреба за исто такво ѓубриво во течна состојба, за фолијарно аплицирање и  користење во системите капка по капка. По неколку годишно експериментирање и соработка со професори од катедрата за микробиологија на Факултет за Земјоделски Науки и Храна, Скопје направивме течно микробиолошко органско ѓубриво БИОФЛОР кое во пракса покажа одлични резултати. Сите суровини за ова производство се од Македонско потекло, што значи дека производот е целосно Македонски, со што сме многу горди. Двата типа на органското ѓубриво и Биофлорот и Биохумусот имаат многубројни корисници. Примери на мал дел од резултатите се покажани на сликите во галеријата.

Освен прозиводство на ѓубриво за директна употреба имаме продадено и легла на калифорниски црви, како во Македонија така и во државите од поранешна Југославија. Покрај продажбата имаме и обучено многу луѓе за сопствено производство на органско ѓубриво како и направено повеќе машини за сеење на ѓубривото за сопствени потреби.

Трендот во светот кој што е се почесто застапен и кај нас, конзумирање  здрава органска храна без употреба на вештачки хемиски заштитни средства и адитиви предизвикува органското ѓубре  на странските пазари да има голема побарувачка, меѓутоа неможе да се произведе во доволни количини. Сите заинтересирани може да ја посетат нашата фарма и да добијат литература и совети.

 

 

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Телефон:
+389 76 39 55 99

 E-пошта:


Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

twitter youtube flickr facebook

logobioflor

СТАТИСТИКА на биофлор

Имаме присутни 16 гости и нема членови

Посетеност на биофлор

Број на гледања на артикли
151157